Три бода за Лацио против Емполи

Лацио ја продолжи битката за место во европските натпреварувања следната сезона откако во 36. коло славеше на домашен терен со 2-0 против Емполи потврдувајќи ја фаворитската улога против тимот кој се бори за опстанок.

Лацио до предност стигна до судиското продолжение на првото полувреме со голот на Патрич, а победата ја потврди Вечино со гол во 89. минута.

Со овие три бода Лацио останува на седмата позиција на табелата со 59 освоени бодови, додека Емполи ќе стравува за прволигашкиот статус се до крајот на првенството. Во моментот тимот е на 17. позицијата на табелата со два бода предност пред Удинезе.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...