Општина Илинден, Скопје и македонскиот детски фудбал изминативе денови живееја со четвртото издание на еден од најквалитетните и најмасовните турнири за деца во Југоисточна Европа, кој првпат оваа година, според Асоцијацијата на фудбалски турнири (АФТ) беше категоризиран како еден од четирите најдобри елитни турнири во земјите од поранешна Југославија – „Илинден куп 2026“!
Три дена вистински фудбалски возбудувања со учество на 222 екипи од 13 земји од Европа, и повеќе од 3.000 деца на возраст од 7 до 12 години, кои се бореа за вкупно 18 трофеи во шест возрасни категории – генерации 2014, 2015, 2016, 2017, 2018 и 2019 година. Сето тоа дополнето и со околу 30.000 посетители и гости кои во само три дена ја посетија општина Илинден.
На крајот познати и сите победници во пооделните категории меѓу кои и две македонски екипи шампиони во генерациите 2015 и 2019 година. Во генерацијата 2015 победник беше екипата на Парк Скопје, а во генерација 2019 екипата на Еуроспорт од Куманово.

Победници по категории беа и Аполон Крагуевац од Србија, Хаген од Германија, Црвена Звезда од Србија и Динамо Загреб од Хрватска. Во секоја категорија беа доделени и трофеи за најдобар стрелец, најдобар играч и најдобар голман на турнирот.
На крајо, на свеченото затворање на турнирот, пехарите и медалите на најдобрите им ги додели градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски.
ПОБЕДНИЦИ
ГЕНЕРАЦИЈА 2014
1. Аполон Крагуевац (Србија), 2. Слога Добој (БиХ), 3. Еуроспорт Куманово (Македонија)
ГЕНЕРАЦИЈА 2015
1. Парк Скопје (Македонија), 2. Борец јуниор (Македонија), 3. Форца Скопје (Македонија)
ГЕНЕРАЦИЈА 2016
1. Хаген (Германија), 2. Александро Скопје (Македонија), 3. Црвена Звезда (Србија)
ГЕНЕРАЦИЈА 2017
1. Црвена Звезда (Србија), 2. Национал Софија (Бугарија), 3. Аеродром Скопје (Македонија)
ГЕНЕРАЦИЈА 2018
1. Динамо Загреб (Хрватска), 2. Андерлехт (Белгија), 3. Војводина (Србија)
ГЕНЕРАЦИЈА 2019
1. Еуроспорт Куманово (Македонија), 2. Биџо (Македонија), 3. Партизан Драчево (Македонија)
Почитувани деца, тренери, родители, навивачи, спонзори и сите оние кои на било каков начин бевте дел од Илинден Куп 2026!
Еден ден по завршувањето на турнирот, ние како организатори сакаме од срце да ви се заблагодариме на сите кои овие три дена бевте дел од еден ваков голем спортски настан во Илинден.Вашите пофалби нè мотивираат, а критиките нè прават уште подобри и ни даваат причина секоја година да се трудиме повеќе.Знаеме дека не може сè да биде совршено. И ние, како организатори, сме свесни за тоа. Но, верувајте дека и оваа година дадовме сè од себе уште едно издание на Илинден Куп да биде на ниво какво што заслужуваат сите вие.Некој сака повеќе фотографии, некој повеќе видеа, некој повеќе вода, некој повеќе храна, некој смета дека судијата не бил добар… И тоа е сосема нормално. Секој од нас ги гледа работите од свој агол и има свои очекувања.Но, кога на едно место ќе соберете околу 3.500 деца и уште 25.000 посетители во само три дена, со илјадници различни желби, очекувања и погледи на работите, тогаш станува јасно колку е тешко да се задоволи секој.Оваа година особено се потрудивме на нашите деца од Македонија да им донесеме нешто посебно — екипи од дури 13 европски земји и клубови со огромно име и традиција.На Илинден Куп гостуваа великани како Андерлехт, Динамо Загреб, Црвена Звезда, Партизан, Војводина и уште многу квалитетни екипи од Европа.Кој знае, знае колку е тешко да се донесат вакви екипи на еден турнир во Македонија. Зад секоја екипа стојат месеци комуникација, договори, организација, логистика, огромна посветеност и, секако, сериозна финансиска поддршка.Но, ние веруваме дека нашите деца го заслужуваат тоа.Заслужуваат да играат против најдобрите, да се натпреваруваат со екипи од Европа, да стекнуваат нови искуства, пријателства и спомени кои ќе ги паметат цел живот.Зад еден ваков настан стојат огромна работа, организација, посветеност и, пред сè, луѓе.Луѓе кои работеа за Илинден Куп да функционира:• 50 волонтери• 35 судии• 30 лица во обезбедување• 20 лица задолжени за храна• 10 медицински лица• 20 лица за транспорт• 20 лица за логистика• 15 лица во маркетинг и промоцијаНа сите нив им упатуваме огромно БЛАГОДАРАМ!Голема благодарност и до нашите партнери, кои помогнаа Илинден Куп за само четири години да изгледа вака како што изгледа денес. Без нивната поддршка, доверба и помош, ова немаше да биде возможно.Голема благодарност и до Општина Илинден за целокупната поддршка и помошта околу логистиката, како и до ЈКП Илинден и директорот Борче Мицановски.И, секако, огромна благодарност до генералниот покровител, градоначалникот Александар Георгиевски, кој е пример за тоа како треба да се поддржува спортот и младите во една општина.На крајот, најголемото БЛАГОДАРАМ е до сите вас — децата кои играа, тренерите кои ги водеа, родителите кои навиваа, навивачите кои создадоа атмосфера и сите оние кои беа дел од оваа приказна.Илинден Куп не е само турнир.Илинден Куп е заедничка приказна на сите нас.Од година во година ќе се трудиме да бидеме подобри, да донесеме уште повеќе квалитетни екипи, уште повеќе деца и уште поголем фудбалски спектакл во Македонија.
Се гледаме на следното издание од 10-12 септември 2027 година!
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА















