Три фудбалери на Милан имаат приоритет за нов договор пред Ибрахимовиќ

Милан полека, но сигурно го враќа претпознатливот сјај. Претходната сезона ја заврши на второто место на табелата, а во новата е изедначен на самиот врв со Наполи со по 32 освоени бода.

Голема заслуга за тоа каде се „росонерите“ има Златан Ибрахимовиќ кој по враќањето во Милан покрај голгетерскиот учинок донесе и стабилност во соблекувалната па јасно е дека миланскиот клуб сака да ја продолжи соработката со 40-годишникот чиј договор истекува на крајот на сезоната.

Сепак приоритет пред Швеѓанецот имаат тројца фудбалери, пренесуваат италијанските медиуми. Станува збор за Тео Хернандез, Рафаел Леао и Исмаел Бенасер, младите играчи на кои 18-кратниот шампион на Италија ќе го темели тимот во иднина.

Преговорите со Французинот, Португалецот и Алжирецот се веќе започнати и се очекува истите да потпишат долготрајна соработка во следниот период.

Се вчитува...