Три гола за Лазаров, Нант загуби од Лемго

Нант на Кире Лазаров е поразен на домашен терен од Лемго во рамките од ЕХФ Лигата на Европа. Германците славеа со 27:28, а македонскиот капитен и селектор постигна скромни три гола.

Нант имаше одличен старт на вториот дел, кога дури и дојде до водство (последно 16:15), а потоа целосна доминација на Лемко кој во еден момент имаше и шест разлика (19:25). До крајот Нант играше под негатива од 2-3 разлика, за на во финишот да постигне гол за минимален пораз од еден разлика.

Лазаров сите три гола ги постигна во вториот дел.

Се вчитува...