Три кандидати за тренерското место во Милвоки

Милвоки ја започна сезоната 2022/23 како еден од најголемите фаворити за освојување на НБА лигата, но потфрли веќе во првата рунда па претрпе елиминација од Мајами. Неуспехот резултираше со отказ на тренерот Мајк Буденхолзер па раководството на Бакс веќе ја започнаа потрагата по негова замена.

Според доброупатениот Адријан Војнаровски постојат три кандидати за негов наследник од кои прва мета е Ник Нурс. Американскиот стратег во моментот ја врши функцијата на селектор на Канада, а зад себе има и шампионска титула со Торонто каде беше отпуштен по крајот на сезоната.

Другите две имиња се Кени Еткинсон и Адријан Грифин кои вршат улога на помошен терен. Еткинсон е дел од стручниот штаб на Стив Кер во Голден Стејт, додека поранешниот НБА кошаркар Грифин е дел од стручниот штаб во Торонто.

Се вчитува...