Три клуба во трка по потписот на Висар Муслиу

Македонскиот фудбалски репрезентативец Висар Муслиу по добрите партии на Европското првенство најверојатно летово ќе ја промени средина и ќе го напушти унгарскиот МОЛ Фехервар.

Три клуба се во игра по неговиот потпис, а како најголем фаворит се споменува италијанската Џенова која на унгарскиот тим му нуди 4 милиони евра за услугите на одличниот дефанзивец. Покрај Џенова заинтересирани за неговиот потпис се и шпанскиот Реал Бетис, како и Кардиф кој во моментов е дел од Чемпионшип.

 

Се вчитува...