Три меча суспензија за Франк Рибери

Францускиот ветеран Франк Рибери доби суспензија на три натпревари и ќе мора да плати парична казна од 20.000 евра поради туркањето на еден од помошните судии по натпреварот на Фиорентина и Лацио во викенд колото од Серија А. По завршувањето на дуелот и победата на римскиот тим, фудбалерите на Фиорентина останаа да се расправаат со судијата, а Рибери е снимен како двапати во мешаницата турка еден од помошниците.

Од Серија А потоа информираа дека Рибери добил црвен картон што значеше дека постапката ќе ја разгледува и дисциплинската комисија.

„Му се извинувам на г-н Пасери за мојата несовесна постапка, очигледно бев премногу нервозен и разочаран од резултатот“, изјави Франк Рибери.

Се вчитува...