Три од три за Гоџа во спуст трките сезонава во Светскиот куп

Италијанката Софија Гоџија продолжува да доминира во спуст трките сезонава во Светскиот куп во алпско скијање. По воведните две победи, таа денеска беше најбрза и на спустот кој се возеше во францускиот ски-центар Вал Д’изер.

Гоџија до победата стигна со време од 1:41.71 минута, што беше за 27 стоти делови од секундата побрзо од второпласираната Американка, Бризи Џонсон. Третото место и припадна на Мирјам Пухнер од Австрија која доцнеше 91 стотинка зад времето на победничката.

Со овој триумф Гоџија го презеде водството и во генералниот пласман во Светскиот куп, пред Микаела Шифрин и Петра Влхова кои не настапија на денешната трка.

Се вчитува...