Три опции за Манчестер Јунајтед, кој ќе дојде на „Олд Трафорд“

Се пократок е рокот во кој менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо може да доведе вистински значајно засилување на екипата која летово не купуваше колку што посакува Португалецот. Потрагата по дефанзивец е во тек, а Јунајтед мора да реагира што побрзо со оглед дека преодниот рок во Англија завршува в четврток.

Баерн Минхен потврди дека „ѓаволите“ веќе почнале начелни преговори за Жером Боатенг, но сепак Мурињо повеќе би сакал да го добие Тоби Алдервирелд. Овие двајца играчи имаат приближно иста вредност од околу 55 милиони фунти, додека третата опција, англискиот репрезентативец, Хари Мегваер кој исто така е голема желба на Мурињо е најскап бидејќи според последните информации, Лестер за него бара 75 милиони фунти.

Португалскиот стратег постојано предупредува дека на тимот му недостасуваат играчи за да биде конкурентен во Премиер-лигата и во Лигата на шампионите, а дополнителен проблем му прави и скратениот преоден рок, што завршува пред стартот на новата премиерлигашка сезона.

Според последните најави, на стартот од сезоната, во дуелот против Лестер в петок, Мурињо нема да смета на ѕвездите кои на екипата и се приклучија доцна поради настапите  на Светското фудбалско првенство.

 

 

 

 

 

Се вчитува...