Три повреди во таборот на Шкупи пред двомечот со Пјуник

Тренерот на Шкупи, Умит Каран, се соочува со сериозни проблеми во пресрет на двомечот од квалификациите за Лигата на Европа против Пјуник, откако тројца првотимци заработија незгодни повреди за време на подготовките во Турција.

Голманот Енес Азизи се повреди на еден од тренинзите, потоа Каран остана и без помошта на Бесир Исени, кој заработи повреда на пријателскиот меч со Марибор, а на вчерашниот дуел со Политехника тешка повреда заработи Бесир Рамадани.

Раководството на Шкупи објави дека тројцата фудбалери предвреме ќе се вратат во Скопје за да стартуваат со рехабилитациска програма. Во таборот на македонскиот прволигаш се надеваат дека Исени и Азизи ќе можат да настапат на реваншот против Пјуник, додека паузата на Рамадани од терените ќе биде нешто подолга.

Се вчитува...