Три промени во составот на Македонија за натпреварот со Црна Гора (ФОТО)

Македонската фудбалска репрезентација денеска од 18 часот во Анталија ќе го одигра вториот пријателски натпревар од подготовките во Турција. По ремито (1-1) против Молдавија нашите најдобри фудбалери силите ќе си ги одмерат со Црна Гора.

Селекторот Благоја Милевски се одлучи за три промени во однос на натпреварот против Молдавците. Македонија повторно ќе игра во формацијата 3-5-2, но на местото на Илијазовски ќе настапи Велковски, Зајков ќе го замени Серафимов, а Костадинов доби шансa на местото на Ристовски со тоа што фудбалерот на Гливице ќе остане во средниот ред, а поофанзивна улога денеска ќе има Елмас.

Се вчитува...