Тричко е гол-машина на Кипар – Петти погодок на три меча во првенството

Македонскиот фудбалски репрезентативец Иван Тричковски продолжува со одличните игри во кипарското првенство. Тричковски денеска повторно стрелаше од пенал во ремито на АЕК Ларнака со Олимпијакос Никозија 2-2.

Екипата на Тричковски со нерешениот резултат нагости се искачи на втората позиција на првенствената табела со 5 бода, но и натпревар повеќе од своите ривали. Популарниот Тричко по три натпревари е прв стрелец во кипарскиот шампионат со неверојатни пет постигнати гола.

Се вчитува...