Тричко го „матираше“ Гача за водство на АЕК против Паралимни

Иван Тричковски е во одлична форма пред бараж дуелот за пласман на Европското првенство 2021 година кој Македонија ќе го игра на 8. октомври на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Тричковски донесе водство за неговата АЕК Ларнака уште во 3. минута откако го „матираше“ поранешниот капитен на македонскиот шампион Вардар, Филип Гачевски. Ова е веќе петти гол за Тричковски сезонава во кипарскиот шампионат во само шест одиграни натпревари по кои АЕК Ларнака е лидер во првенството со 13 бода, односно три повеќе од второпласираниот Аполон.

Се вчитува...