Тричко го потопи Левски среде Софија (видео)

Иван Тричковски повторно блеска на европските натпревари на АЕК Ларнака, откако македонскиот репрезентативец со два гола го одведе кипарскиот тим во следната квалификациска рунда за ЛЕ. По убедливите 3-0 на Кипар против Левски, АЕК води со 0-2 и среде Софија, токму благодарение на одличниот Тричковски.

Македонецот го реши натпреварот уште во првото полувреме, постигнувајќи гол од пенал во 8. минута, за потоа да зголеми и на 0-2 со извонреден волеј-удар од десетина метри.

Тричковски лани беше најзаслужен што АЕК Ларнака стигна до групната фаза од Лигата на Европа, а во ист стил продолжува и на стартот од оваа европска авантура на кипарскиот тим.

Се вчитува...