Тричко го презеде врвот на листата на најдобрите стрелци во Кипар: Нов гол за АЕК Ларнака

Македонскиот напаѓач Иван Тричковски го презеде врвот на листата на најдобрите стрелци во актуелниот шампионат на Кипар откако погоди во ремито на АЕК Ларнака во 17. коло од шампионатот.

АЕК ремизираше (2-2) на гостувањето против Паек. Тричковски погоди од пенал во 90. минута за водство на АЕК од 1-2, но домашните израмнија со гол во 99. минута.

Ова е деветти погодок за Иван Тричковски сезонава во шампионатот со кој изби на врвот на листата на најдобрите стрелци, заедно со Берат Садик од Докса.

Се вчитува...