Тричко го совлада Богатинов во македонското дерби во шампионатот на Кипар

Македонскиот фудбалер Иван Тричковски продолжува со одличните партии во кипарскиот шампионат откако повторно беше стрелец за својата АЕК Ларнака во победата од 5-1 над Ахнас во кој настапуваат тројца македонски фудбалери (Богатинов, Костовски и Марковски).

Популарниот Тричко беше стрелец на вториот гол за својот тим во судиското надополнување во првиот дел од мечот. Ова за него е шести гол во петтиот натпревар сезонава со што е најдобар стрелец во кипарскиот шампионат.

 

Се вчитува...