Тричко-гол ги задржува шампионските аспирации на АЕК Ларнака (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалски интеранционалец Иван Тричковски повторно беше најдобар поединец на својата АЕК Ларнака во победата на гостувањето кај Анортозис од 1-3 во 23. коло од плеј-офот во кипарскиот шампионат.

Популарниот Тричкогол беше стрелец на два гола за својот тим во 27. минута од пенал и во 64. минута кога го потврди триумфот на гостинскиот тим. Претходно првиот погодок за гостите го постигна Алтман во 4. минута, додека единствен стрелец за поразените беше Артиматас во 34. минута.

 

.

 

 

 

Се вчитува...