Тричко-гол не запира – нови два гола за нова победа на АЕК

Иван Тричковски продолжува со одличните игри во дресот на АЕК Ларнака, откако македонскиот репрезентативец беше најзаслужен и за денешната победа од 3-1 на дуелот со АЕЛ Лимасол. Стануваше збор за директна пресметка на ривали за влез во Топ 6 и учество во плејофот од кипарскиот шампионат, а Тричковски со два погодоци, двата од пенал се погрижи неговиот тим да го прескокне АЕЛ на табелата.

Македонскиот напаѓач биеше прецизно во 15. минута од натпреварот, а откако гостите израмнија пред крајот на првото полувреме, Тричко-гол повторно беше прецизен од белата точка и по девет минути игра во вториот дел, носејќи го тимот на АЕК Ларнака и до второ водство. Конечните 3-1 ги постави Акоран, кој влезе во игра токму на местото на македонскиот репрезентативец.

АЕК Ларнака со денешната победа се искачи на петтото место на табелата со 25 бода, два повеќе од АЕЛ Лимасол.

Се вчитува...