Тричко и дефинитивно отпадна за мечот со Полска, последни напори за оспособување на Адеми

ЕКИПА во Варшава,

Владимир Булатовиќ

Иван Тричковски поради повреда на задната ложа и дефинитивно отпадна од комбинација за настап на утрешниот натпревар против Полска.

Тричковски, по завршувањето на вчерашниот тренинг се пожали на повреда, а резултатите од лекарските испитувања потврдија дека се работи за истегнување на мускулот на задната ложа. Па, од стручниот штаб на репрезентацијата попладнево и официјално информираа дека нема да може да помогне на националниот тим.

И натаму се прават напари Аријан Адеми да се оспособи за утрешниот натпревар, и покрај тоа што два дена по пристигнувањето во Полска воопшто не тренираше. Поради повреда натпреварот со Полска, како и претходно против Словенија, го пропуштаат и Енис Барди и Дарко Велковски.

Се вчитува...