Тричко ја „стресе“ и Омонија

Македонскиот фудбалски интернационалец Иван Тричковски продолжува со одлични настапи во првенството на Кипар. Тој беше стрелец на погодок за АЕК Ларнака во триумфот (0-2) на гости против Омонија.

Тричковски го отвори резултатот во 79.минута, а неговиот соиграч Јаноу го потврди триумфот во 90.минута. Даниел Мојсов исто така беше стартер во составот на АЕК Ларнака.

Се вчитува...