Тричко не запира – гол број 15 за АЕК Ларнака

Иван Тричковски продолжува со одличните игри за АЕК Ларнака, откако македонскиот голгетер денеска повторно се запиша во листата на стрелци, во триумфот над својот тим над Пафос од 2-0.

АЕК имаше водство од 1-0 кога беше досуден пенал за домашната екипа, што Тричко рутински го претвори во нов погодок, негов петнаесетти во кипарскиот шампионат за оваа натпреварувачка сезона.

Иван Тричковски со години наназад е лидер на тимот на АЕК Ларнака, а македонскиот ветеран и сезонава беше избран во идеалниот тим на кипарскиот шампионат.

Се вчитува...