Тричко повторно стрелец, за запишување историја во дресот на АЕК

Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски одигра нов извонреден натпревар за кипарски АЕК Ларнака запишувајќи се повторно во историјата на клубот сега како најдобар стрелец на сите времиња.

Тричковски повторно беше стрелец, овој пат во триумфот од 2-3 на АЕК на гостувањето против АЕЛ Лимасол, со што стигна до бројката од 72 погодоци во дресот на АЕК со што стана осамен најдобар стрелец во историјата на клубот поминувајќи го Лефтерис Елефтериу кој остана на бројката од 71 гол.

АЕК Ларнака со оваа победа веќе е на добар пат повторно да се избори за Лига Европа во следната сезона.

Се вчитува...