Тричко стрелаше против Гача, но АЕК Ларнака загуби од Паралимни

Иван Тричковски е во одлична форма пред бараж дуелот за пласман на Европското првенство кое репрезентацијата на Македонија на 8. октомври ќе го игра против Косов. Нашиот репрезентативец повторно стрелаше за неговата АЕК Ларнака, овој пат во поразот од Паралимни од 2-1 на чиј гол е поранешниот капитен на Вардар, Филип Гачевски.

Тричко доведе водство за неговиот тим во 3. минута, резултат со кој се замина на полувреме. Сепак, во вториот дел домаќините дојдоа до целосен пресврт со головите на Џонатан Балотели кој исто така ги бранеше боите на „црвено-црните“ и Удоџи.

АЕК Ларнака останува на втората позиција на првенствената табела со 10 бода, додека Паралимни е 13. со три освоени бода.

Се вчитува...