Тричко во врвна форма… Два прекрасни гола и за лидерот Анортозис (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски продолжува со извонредната форма во која игра во кипарскиот шампионат, стигнувајќи и до својот 20-ти гол сезонава во дресот на АЕК Ларнака.

Тричковски беше двоен стрелец во 21. коло од шампионатот на Кипар за о-2 за АЕК Ларнака на гостувањето против лидерот Анортозис.

Првиот гол беше вистинско ремек-дело на македонскиот напаѓач директно од слободен удар во 17. минута.

Вториот, ништо помалку ефектен, со глава по корнерот од левата страна.

Иван Тричковски со 20 гола е убедливо прв на листата на најдобрите стрелци сезонава во Кипар.

АЕК Ларнака со 35 бода е на петтата позиција на табелата во првенството на Кипар, осум бода помалку од водечкиот Анортозис.

Се вчитува...