Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски се запиша во историјата на кипарскиот фудбал како фудбалер со најголем број погодоци на европската сцена.
Со синоќешниот погодок за АЕК Ларнака на гостувањето против австриски Штурм во Лигата на Европа, Тричковски стигна до бројката од 12 погодоци во европските натпревари запишани за клубови од Кипар. Сето тоа за нов рекорд за кипарскиот фудбал…
„Запишувањето во историјата на кипарскиот фудбал како играч со најголем број голови на европската сцена за мене секако е значаен момент. Но, наспроти тоа, основната желба е сепак со АЕК Ларнака оваа сезона што подолго да имаме успешни настапи во Европа. Верувам дека на следните дуели ќе дојдат уште погодоци“ – истакна Тричковски по синоќешниот дуел со Штурм.
Натпреварот меѓу Штурм и АЕК Ларнака беше прекината во финишот при резултат од 0-2 за Кипраните, поради напад од страна на домашните навивачи на помошниот судија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА