Тричко во друштво на светските ѕвезди: Во Топ 20 голгетери во светот за 2019 година

Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски, со хет-трикот за АЕК Ларнака изминатиов викенд се проби на листата Топ 20 најдобри стрелци во светот во оваа календарска 2019 година.

Тричковски со вкупно 30 постигнати официјални погодоци од јануари 2019 година па до сега е на 19. место меѓу најдобрите стрелци во светот во друштво на Левандовски, Меси, Бензема, Роналдо, Суарез…

Македонскиот напаѓач игра во извонредна форма оваа година, само во новата 2019/2020 сезона во Кипар веќе запишувајќи девет гола на шест натпревари.

Во моментов најдобар голгетер на светот по број на постигнати голови во календарската 2019 година е Полјакот Роберт Левандовски од Баерн Минхен со 47 голови, заедно со Мароканецот Абдеразак Хамдалах од саудиски Ал Наср. Следат Аргентинецот Герман Езекил Цано од колумбиски Индепендиенте со 43 гола, па Лионел Меси со 42 гола, Мексиканецот Карлос Вела од Лос Анџелес со 39 гола како и Србинот Душан Тадиќ од Ајакс со 38 погодоци. Зад популарниот Тричко се Карим Бензема (Реал Мадрид), Пјер Емерик Обемејанг (Арсенал), Луис Суарез (Барселона), Мохамед Салах (Ливерпул), Саидо Мане (Ливерпул), Кристијано Роналдо (Јувентус), Хери Кејн (Тотенхем).

Се вчитува...