Тричковски асистент, АЕК му даде четири гола на Шишковски

Тимот на АЕК Ларнака ја совлада екипата на Докса со 1-4 во шампионатот на Кипар. Тричковски не се запиша во листата на стрелците, но асистираше на Дербишир, кој ги постигна сите четири гола за тимот на АЕК.

На голот на Докса беше Дамјан Шишковски, кој четири пати ја вадеше топката од мрежата, а исто така цел меч одигра и Душко Трајчевски. Тричковски ја носеше капитенската лента за АЕК Ларнака. Тој и натаму е водечки на листата на стрелците со осум гола, и она што е најважно, АЕК е на чело на табелата во Кипар.

Се вчитува...