Тричковски добитник на три статуетки „МВП на колото“ во Кипар (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски минува низ уште една извонредна сезона во кипарскиот шампионат. Потврда за тоа дефинитино се и најново добиените признанија од страна на прволигашкото здружение за МВП на дури три натпреварувачки кола од регуларниот дел на сезоната.

Тричковски е еден од пет фудбалери на АЕК Ларнака кои добија признанија за МВП на колото, но единствено македонскиот офанзивец е со три МВП статуетки за најдобар фудбалер на 17., 18. и 21-то коло во најсилната лига на Кипар.

Претходно, како што е познато, Тричковски се запиша и во клупската историја на АЕК Ларнака како најдобар стрелец на клубот, со 71 постигнат гол, на сите времиња.

Се вчитува...