Тричковски донесе триумф за АЕК Ларнака

Македонскиот интернационалец Иван Тричковски продолжува со одлични игри на Кипар. Тој му донесе триумф на АЕК Ларнака на гостувањето против Докса постигнувајќи го единствениот гол на натпреварот во 54.минута.

Во составот на Докса стартер беше Душко Трајчевски. Давор Здравковски исто така во првиот состав на АЕЛ Лимасол во ремито (1-1) против Омонија.

Се вчитува...