Тричковски двоен стрелец, АЕК Ларнака убедлив во Лига Европа

Македонскиот фудбалски интернационалец Иван Тричковски беше двоен стрелец за својот тим АЕК Ларнака во убедливиот триумф (4-0) над Дандалк во Лигата на Европа. Со оваа победа кипарскиот тим обезбеди пласман во следната рунда од ова натпреварување, со оглед дека првиот меч во Ирска заврши без голови.

Тричковски го отвори резултатот во 13.минута, а потоа беше стрелец и на третиот гол за својот тим во 38.минута.

Се вчитува...