Тричковски двоен стрелец за АЕК во триумфот над Лех Познањ (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски продолжува со извонредната форма од минатата сезона и на стартот од подготовките за европските настап со АЕК Ларнака.

Тричковски, кој е нов капитен на АЕК, беше двоен стрелец во триумфот од 3-1 на пријателскиот натпревар против Лех Познањ. Првиот гол македонскиот фудбалер го постигна уште во 4. минута за водство од 1-0 на својот тим, а потоа во 11. минута погоди и за 2-0 од пенал…

Во финишот од натпреварот следеше по еден погодок на двете страни за конечни 3-1 за Кипраните.

Се вчитува...