Тричковски го „затресе“ Гент (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалски интернационалец Иван Тричковски беше стрелец на погодокот за АЕК Ларнака во ремито против Гент во квалификациите за Лигата на Европа. Тричко погоди во 88.минута од мечот израмнувајќи го резултатот, откако Гент поведе преку Роман Јаремчук. Тој ја продолжи гол – серијата откако претходно му даде четири гола на Левски.

АЕК Ларнака без предност ќе патува на реваншот во Белгија кој се игра следниот четврток.

Се вчитува...