Тричковски испишува историја во кипарскиот фудбал

Македонскиот фудбалски репрезентативец Иван Тричковски влезе во историјата на кипарскиот клупски фудбал, откако стана еден од најдобрите тројца стрелци во историјата, со најмногу постигнати голови во европските купови. Тој зад своето име запишано 11 гола во дресови на кипарски клубови на европската сцена.

Тричковски беше стрелец на два гола во триумфот од 4-0 на АЕК Ларнака против Дандалк, трасирајќи го патот на својот тим во следната рунда. Со овие два гола, тој стигна до бројката од вкупно 11, и се израмни со Миленко Шпољариќ (Аполон) и Рајнер Рауфман (Омонија) кои исто така имаат идентичен ефект досега во историјата. Тричковски со АЕК Ларнака ќе игра и во следното коло од квалификациите во Лигата на Европа и ќе има единствена можност да стане најдобриот голгетер во историјата на кипарскиот фудбал, кога се во прашање голови постигнати на меѓународна клупска сцена.

Македонскиот интернационалец девет гола има постигнато за сегашниот клуб АЕК Ларнака, додека два ги запиша во дресот на АПОЕЛ.

Се вчитува...