Тричковски ја завршува кариерата во АЕК Ларнака…, Кипраните му понудија менаџерска позиција во клубот!

Едно од најзвучните имиња во поновата македонска фудбалска историја, Иван Тричковски ја завршува како фудбалер соработката со кипарската АЕК Ларнака.

Кипарскиот прволигаш вечерва преку емотивно соопштиние информираше дека нема повторно да биде продолжен договорот со 37-годишниот македонски фудбалер кој осум години беше дел од клубот. Но, од АЕК информираат дека со огромно задоволство му е понудена менаџерска позиција во клубот како и понатаму би останал меѓу луѓето кои искрено го почитуваат.

„АЕК Ларнака информира дека на состанокот меѓу раководството на клубот и Иван Тричковски одлучено е да не се продолжи договорот со едно од најголемите имиња во нашиот клуб последнава декада. Исклучително емотивно тешка одлука донесена за нашата икона која остави силна трага во клубот“ – се вели во емотивното соопштение од АЕК Ларнака, во кое се дополнува:

„Дојде во Ларнака во 2016 година и од тогаш се понатака е историја запишана со златни букви. Најдобар во историјата на клубот со 295 настапи, најдобар стрелец во сите натпреварувања со 147 гола, и најдобар стрелец во историјата на клубот во Европа со 21 погодок, но исто така и најдобар стрелец од кипарскиот фудбал на европската сцена со 23 гола. Тој беше клучна алка за освојување на Купот на Кипар и Суперкупот, но и пласманот во осминафиналето од Конференциската лига на УЕФА. Достигнувања кои го сместуваат во најславните имиња на нашиот клуб. Специјален фудбалер кој од првиот момент ги освои навивачите и доби универзална почит од сите на фудбалската сцена во Кипар, и од соиграчите и од противничките играчи. Ќе остане секогаш да го паметиме неговиот квалитет како фудбалер, но и по неговиот извонреден карактер. Вистински идол за секој млад фудбалер. Целокупното семејството на АЕК уживаше да го гледа Тричко како испишува историја на терените во Кипар и во Европа. Респект за сите негови достигнувања“.

Од АЕК Ларнака информираат дека на Тричковски ќе му биде понудена менаџерска позиција во клубот…

„Ние би сакале Тричковски да продолжи да биде дел од нашето специјално семејство. Од тие причини, донесена е одлука да биде обезбедена за него менаџерска позиција во клубот, ако тој самиот го посакува тоа. Ние би сакале и понатаму да го гледаме меѓу нас, пред луѓето кои го сакаат толку многу“ – велат од АЕК Ларнака.

Сепак, јасно е дека на крај одлуката ќе биде на Иван Тричковски, дали ќе ја прифати понудата да се вклучи во спортскиот менаџмент на кипарскиот прволигаш или ќе продолжи со играчката кариера.

Се вчитува...