Иван Тричковски синоќа и официјално беше крунисан во најдобар фудбалер на кипарскиот шампионат за сезоната 2018/2019.
Македонскиот ас беше предводник на тимот на АЕК Ларнака во изминатите десетина месеци, за што сосема заслужено собра најмногу гласови од сите тренери во кипарскиот шампионат.
Тричковски беше ѕвезда на вечерта на гала-вечерата организирана од Кипарската Фудбалска Федерација, на која Македонецот и официјално го прими МВП-признанието.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА