Тричковски: Македонија дојде да победи во Талин

Иван Тричковски во последен момент отпадна да биде стартер против Косово во Скопје, но се чини дека ќе добие шанса од стартот на утрешниот меч против Естонија. Тој вели дека Македонија дојде во Талин за да оствари нов триумф.

„Успеавме да ја оствариме нашата цел против Косово, победивме и се пласиравме во финалето на Лигата на нации. Но, утре не очекува друг предизвик, максимално сме посветени на подготовка за утрешниот меч и ќе истрчаме на теренот со иста цел – да победиме“, изјави Иван Тричковски.

 

Се вчитува...