Тричковски: Не размислуваме премногу за Летонците, се ќе зависи од нас

ЕКИПА во Летонија,

Никола Ѓуровски

Фаворити сме и тоа треба да го докажеме на теренот. Не размислуваме премногу за Летонија, туку сме фокусирани на нашето издание кое треба да донесе триумф, вели напаѓачот Иван Тричковски во пресрет на утрешниот квалификациски меч на Македонија во Рига.

„Не размислуваме премногу за Летонците, фокусирани сме на нашата игра. Верувам дека од нас зависи дали ќе победиме на утрешниот меч. Свесни сме нашиот квалитет, го респектираме противникот, но и знаеме дека можеме да ги освоиме трите бода. Доколку добијам шанса за настап секако ќе го дадам максимумот, а во фудбалот секогаш колективот го добива натпреварот. Нашата цел е победа“, изјави Иван Тричковски во пресрет на утрешниот квалификациски меч против Летонија.

 

 

Се вчитува...