Тричковски не знае за доста – Седум натпревари и осум голови за АЕК Ларнака (ВИДЕО)

Иван Тричковски продолжува да ги „решета“ мрежите во Кипар, па уште еднаш успеа да донесе радост кај фановите на АЕК Ларнака. Македонецот оваа сезона игра во фантастична форма, а ова го покажа и вечерва.

Одличниот напаѓач во листата на стрелците се запиша и против Анортозис, со што го постигна својот осми гол оваа сезона. Со овој гол, Иван стрела на секој натпревар на АЕК Ларнака во новиот шампионат, нешто со што ретко кој друг македонски интернационалец може да се пофали.

34-годишниот Тричковски пред неколку дена го продолжи својот престој на Кипар и потпиша нов двегодишен договор со АЕК Ларнака. Инаку, тимот на Тричковски со оваа победа освои 17 поени и се искачи на првото место.

 

 

Се вчитува...