Тричковски недоволен за финале на АЕК Ларнака во купот на Кипар

Иван Тричковски и неговата АЕК Ларнака не успеаја да се пласираат во финалето на купот на Кипар. Тие денеска повтроно загубија од Ахнас овој пат со (3-1) и со вкупни 2-5 го завршија настапот во најмасовното натпреварување на Кипар.

Стрелец на единствениот погодок за „зелено-жолтите“ беше токму Тричковски од пенал во 20. минута. На 1-1 израмни Гоба во 60. минута. Истиот играч во 93. минута донесе водство од 2-1 за домаќинот, а конечните 3-1 ги постави Кудобјак во 96. минута.

Во финалето Ахнас ќе игра со Омонија.

Се вчитува...