Тричковски отпадна за Ерменија

Иван Тричковски дефинитивно нема да биде подготвен за настап на утрешниот дуел против Ерменија, на стартот од новото издание од Лигата на Нации. Голгетерот одлично ја стартуваше сезоната постигнувајќи погодок на дуелот со АПОЕЛ, но токму на тој натпревар Тричковски заработи и незгодна повреда поради која нема да може да настапи против Ерменците.

Тој допатува во Скопје и тренираше со намален интензитет, лекарскиот тим се обиде да го рехабилитира, но на крајот беше оценето дека негов настап на утрешната средба би претставувал преголем ризик од посериозна повреда.

„Тричковски дефинитивно нема да може да настапи против Ерменија. Останува да видиме дали ќе може да се рехабилитира навреме за настап во второто коло против Грузија“, истакна селекторот Игор Ангеловски.

Се вчитува...