Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски постигна погодок за АЕК Ларнака во поразот (1-2) од Анортозис на домашен терен. Но, Тричко задоцни со стрелбата, со оглед дека погоди во 92.минута од мечот, само за да ја намали негативата.
Претходно, Анортозис преку Калцас и Окриашвили дојде до предност од два гола на овој меч.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА