Тричковски постигна гол за победа на АЕК Ларнака (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалер Иван Тричковски го постигна единствениот гол на дуелот меѓу АЕК Ларнака и Анортозис (1-0), а истиот значеше и три бода за неговиот тим.

Тричковски, кој е најдобриот стрелец на АЕК Ларнака, ја затресе мрежата на противникот во 84.минута успевајќи да реализира прецизно од белата точка.

Со овој триумф АЕК Ларнака има 46 бода и се наоѓа на третата позиција во кипарската лига.

Се вчитува...