Тричковски потпишува нов договор со АЕК Ларнака

Иван Тричковски ќе ја продолжи авантурата во редовите на АЕК Ларнака откако македонскиот голгетер ги договори условите за продолжување на соработката со овој кипарски прволигаш.

Тричковски и сезонава е најдобар стрелец на тимот со шест гола по првите пет одиграни натпревари, откако и во последните неколку сезони беше клучен играч на АЕК. Ова беше доволна причина за да се најде заеднички јазик и Тричковски да остане во тимот од Ларнака и по завршувањето на оваа сезона.

„Со задоволство можеме да објавиме дека е договорено да биде продолжена соработката со Иван Тричковски. Повеќе детали утре, по официјалниот потпис на договорот“, објави денеска кипарскиот клуб.

Тричковски е член на АЕК Ларнака од 2016 година, кога пристигна во оваа екипа од редовите на Легија Варшава.

Се вчитува...