Тричковски продолжува да ги „кине“ мрежите во Кипар – Два гола за победа на АЕК Ларнака (ВИДЕО)

Иван Тричковски продолжи да ги „кине“ мрежи во фудбалското првенство на Кипар, а денеска успеа да постигне два гола за нови три бода и триумф на АЕК Ларнака.

Македонскиот интернационалец даде два гола, првиот беше во 44. минута кога со глава ги покажа реализаторските способности, а вториот дојде во 95. минута.

Кипарскиот тим врза три победи во серија, последната беше над Олимпијакос Никозија, против кого се славеше со 4-2.


Се вчитува...