Тричковски со два гола донесе победа за АЕК во дербито против Аполон

АЕК Ларнака влегува во победничка низа во кипарското првенство откако по триумфот над Никозија денеска беше совладан и Аполон со 4-1, дуел кој го одбележа македонскиот интернационалец Иван Тричковски со два гола.

Македонецот го отвори резултатот во 4. минута, а откако АЕК поведе со 2-0 до полувремето, Тричковски ја осигура победата со третиот гол за својот тим во 52. минута од мечот.

До крајот на натпреварот Питас од белата точка го намали резултатот на 3-1, а конечните 4-1 ги постави Еспиноза на минута до крајот на регуларниот дел од натпреварот.

Се вчитува...