Тричковски стрела, АЕК победува во шампионатот на Кипар (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалски репрезентативец Иван Тричковски повторно беше најдобар поединец во победата на АЕК Ларнака против „фенерџијата“ Докса од 2-1, во 9. коло од кипарското првенство.

Тричковски беше стрелец на првиот погодок за домаќините во 14. минута. На 1-1 израмни Акото во 76. минута, додека конечните 2-1 ги постави Кевени со гол во 97. минута. За популарниот Тричко кој на мечот беше заменет во 69. минута, ова беше 10 гол сезонава со што останува убедливо лидер на листата на голгетери во шампионатот на Кипар.

Со оваа победа  АЕК се искачи на втората позиција во кипарскиот шампионат со освоени 15 бода.

Се вчитува...