Тричковски стрелец за АЕК Ларнака во „петардата“ против Линколн

Македонскиот фудбалски репрезентативец Иван Тричковски со гол ја отвори новата европска сезона во дресот на АЕК Ларнака. Неговиот тим славеше со убедливи 5-0 на домашен терен против Линколн, претставникот на Гибралтар, а Тричко беше стрелец на последниот петти погодок.

Напаѓачот беше успешен реализатор на најстрога казна во 77.минута, откако претходно по два гола постигнаа Флориан Толамесе и Жоан Томас.

Музафер Ејупи не успеа да постигне гол од пенал за Осијек, но хрватскиот тим сепак славеше со 0-2 на гости против Санта Колома, тимот од Андора.

Се вчитува...