Тричковски уште две години дел од АЕК Ларнака

Македонскиот фудбалски интернационалец Иван Тричковски го продолжи договор со кипарскиот АЕК Ларнака до 2024 година, потврдија од клубот.

Популарниот Тричко во кипарскиот тим е од 2016 година. Тој во последните пет години е најдобриот фудбалер на овој клуб. Досега запиша 141 настап на кои постигна 84 гола, а во моментов е и капитен на клубот.

Се вчитува...