Тричковски во идеалниот тим на кипарскиот шампионат за 2021 година (ФОТО)

Македонскиот напаѓач Иван Тричковски сосема очекувано е избран во идеалниот тим на кипарскиот шампионат за 2021 година, во изборот на спортските медиуми од земјата кој традиционално се одржува секоја година.

Тричковски, кој е најдобриот стрелец на АЕК Ларнака, зад себе остави извонредна година заокружена и со настапот со македонската репрезентација на ЕВРО 2020 во Романија и во Холандија.

Македонскиот офанзивец во идеалната напаѓачка тројка на Кипар се најде заедно и со Питас од Аполон и Папулис од Омонија.

Се вчитува...