Тричковски во тимот на годината на Кипар

Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски е избран во тимот на годината во кипарскиот шампионат. Одличните игри во дресот на АЕК Ларнака го вброија во „дрим – тимот“ на првенството на Кипар за 2019 година.

Популарниот Тричко се наоѓа во фантастична форма и на почетокот на 2020 година, постигна четири гола на дуелот против Ахна во триумфот од 2-5.

Се вчитува...